Зијеш: Селекторот лаже, но нема врска… нема повеќе да играм за националниот тим

617

Селекторот на Мароко Вахид Халилхоџиќ неодамна изјави дека додека тој е на клупата нема повеќе да го повикува фудбалерот на Челзи Хаким Зијеш. Мароко треба да игра плеј-оф за пласман на СП, па дури и да се пласира на Мундијалот Халилхоџиќ ќе ја држи вратата затворена за ѕвездата на Челзи.
Во јуни Халилхоџиќ изјави дека е разочаран од односот на Зијеш кон националниот тим:
За мене националниот тим е над се, ниту еден фудбалер не е заложник на некој клуб. А фудбалер кој ќе одбие да игра, па дури тоа да биде пријателски меч со образложение дека е повреден, а не е тогаш не заслужува повеќе да биде дел од репрезентацијата. Лекарите го прегледаа и кажаа дека може да игра. Тој одби да влезе во игра и тврдеше дека е повреден. Не можеш да се зафркаваш со националниот тим. Или си 100% со нас или не си“.
А сега Зијеш реагираше на одлуката на селекторот да не го повикува повеќе во репрезентацијата.
Ја разбирам неговата одлука и ја почитувам. Јас одлучив да не се враќам повеќе во репрезентацијата. Тоа ми е крајно решение. Ќе се фокусирам на клупскиот фудбал. Ја почитувам одлуката на селекторот заедно со сите лаги кој дојдоа од него. Јасно ми стави до знаење. Се откажувам од националниот тим“, изјави кратко Зијеш.

ПретходноСликичка на Кристијано Роналдо продадена за 60.000 фунти
СледноЊукасл ги стопи „карамелите“ на Лампард, два автогола за две минута (видео)