ПОТВРДЕНО: Ливерпул го доби првото летно засилување – Ибрахимa Конате

246

Ливерпул на својата официјална веб-страница го објави трансферот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Ибрахимa Конате.

22-годишниот фудбалер се договори со „црвените“ за долгорочен договор кој ќе стапи на сила на 1 јули. Деталите за зделката не беа прецизирани, но сепак, бидејќи повеќепати беше објавувано претходно, „црвените“ ќе платат 41 милион евра за трансферот, сума која беше клаузула за предвремено раскинување на договорот со германскиот тим.

Конате ја започна својата кариера во Сошо и се пресели во РБ Лајпциг во 2017 година. Во сезоната што заврши, 22-годишниот дефанзивец одигра 14 натпревари во германската Бундес лига, на кои постигна еден гол и доби два жолти картони.

ПретходноОд утре во продажба: Македонија – Словенија за 300 денари на „Јужна“
СледноСо еден клик обложување за Македонија на ЕУРО 2020 – на 2WIN.MK