Градските ривали во ист ден добија нови тренери: Јуве го врати Алегри, Јуриќ го презема Торино

346

Јувентус официјално објави враќање на Масимилијано Алегри како главен тренер на тимот.

„Подготвени сме заедно да ја градиме нашата иднина“.

Андреа Пирло останае само една година како тренер на „бјанконерите“, бидејќи Јувентус официјално најпрво го објави неговото заминување, па потоа ја потврди веста за враќањето на Алегри.

„Масимилијано Алегри е тренер на Јувентус повторно“, напишаа од Јувентус.

Покрај Јуве, и нивниот голем градски ривал Торино од денеска има нов тренер. Иван Јуриќ кој утрово ја напушти Верона, потпиша тригодишен договор со „биковите“.

Давиде Никола му помогна на Торино да остане прволигаш, но не успеа да го убеди раководството дека треба да продолжи да работи.

ПретходноТренерот на Кузмановски и официјално на клупата на Барселона
СледноМирко Радовиќ го продолжи договорот со Е. Пелистер