ЗОИ 2022: Ново злато и нов светски рекорд за Ван дер Пул

100

Нилс Ван Дер Пул е единствениот натпреварувач кој ја прекина холандската доминација во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

По златото на 5000 метри, одличниот Швеѓанец беше најбрз и на двојно подолгата делница. Освен што се искачи на тронот, Швеѓанецот тоа го направи со стил, поставувајќи нов светски рекорд.

Тој ја запре стоперката на 12:30.74 минути и ја помести линијата од соништата, која исто така беше во негова сопственост.

Среброто му припадна на Холанѓанецот Патрик Рест, додека трет заврши Италијанецот Давиде Џото.

ПретходноДејан Георгиевски удри по АМС по доделувањето на ваучерите: ова е СРАМНО
СледноРАСТЕ БРОЈОТ НА ДОБИТНИЦИ НА МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ