Турскиот Анадолу Ефес е првиот финалист на Евролигата откако во полуфиналето од Ф4 турнирот во Келн ја елиминира ЦСКА Москва со резултат 89:86. Турците имаа одлично отварање, по првата четвртина имаа предност од +10 (25:15), а добро играа и во следните две четвртини, додека во финишот ЦСКА фати залет меѓутоа не успеа да стигне и да направи пресврт.
Кај Ефес, Мициќ и Шанли беа најефикасни со 25 односно 19 поени, а кај ЦСКА Вил Клајберн уфрли 26.
Вечерва се игра второто полуфинале помеѓу Барселона и Олимпија Милано по што ќе се знае кој ќе биде противникот на Ефес за трофејот наменет за шампион на Европа.