Тухел: Утре не играме јас и Пеп, ова не е тениски меч – Играат Челзи и Сити…

237

Утре во битка за европскиот трофеј ќе се соочат Челзи и Манчестер Сити. Центарот на борбата е „Драгао“ во Порто, а Челзи атакува на вториот европски трофеј, додека Сити на првиот. Тренерот на Челзи Томас Тухел посочи дека ова не е битка помеѓу него и Пеп затоа што не се работи за тенис, туку е битка на тимови.

Утре не играме јас и Пеп. Ова не е тениски натпревар. Пеп ќе го спреми тимот најдобро што може, а јас ќе го спремам мојот. Одигравме два меча меѓу себе во различни турнири, тоа беа два различни натпревари со два различни состави. Не можам да кажам кој е во предност.
Секогаш е тешко кога се игра против тимови на Гвардиола, тој знае да ги инспирира играчите, да ги влече нанапред, да ги крене кога се паднати психолошки. Тој има победнички карактер.
Во моментов, можеби, се најдобриот тим во Европа и во светот. Повторувам, утре ќе биде сосема различен меч од оние во ФА купот и првенството“, вели Тухел.

Челзи со Тухел два пати го победи Сити на Гвардиола, 1:0 во полуфиналето на ФА купот и 2:1 во Премиер лигата.

ПретходноМакедонската снаа во Ол-Стар тимот на сезоната!
СледноВетено-сторено: Им вративме на Данците со иста мерка