Преоден рок во ПМФЛ: Шкупи и Шкендија осетно се засилија…имаше и „бомби“!

2146

Вчера заврши зимскиот преоден рок во мак – фудбалот. Со оглед на финансиската можност на нашите клубови, пред се на прволигашите, кои денеска и утре ја стартуваат пролетната полусезона, имаше неколку изненадувања, па и „бомби“, но сепак се беше во рамките на можностите и реалноста во мак – фудбалот.

Јасно е дека Шкупи и Шкендија осетно се засилија, како што и доликува на клубови кои се најмоќни во моментов кај нас.

ШКУПИ: Од таборот на есенскиот првак си заминаа Матеј Цветановски, Кире Марковски, Фисник Зука, Томе Китановски, позајмени беа неколку играчи, но сепак треба да се каже дека четата на Гоце Седлоски е засилена. Ангажирани беа Ѓорѓи Стоилов, Омар Имери, Азер Омерагиќ, Бесник Ферати, како и странците Куевен (Бразил), Маргвелашвили (Грузија), Менсах (Гана), Данфа (Сенегал).

А.ПАНДЕВ: Виктор Ангелов, Пепи Горгиев и Димитар Митровски и тоа како го засилија нападот на А. Пандев кој остана без својот прв стрелец Мартин Мирчевски кој направи трансфер во ТСЦ Бачка Топола. Во Струмица дојдоа и Андрија Секулиќ (Србија) и Бакр Абдулаи (Финска). Си заминаа, покрај Мирчевски, и тренерот Александар Васоски (Сараево) како и младиот Андреј Стојчевски (Жилина).

ШКЕНДИЈА: “Бомбата“ во Тетово беше враќањето на Ферхан Буба Хасани. Потоа донесен беше Кире Маркоски од Шкупи, како и еден од најдобрите дефанзивци во ПМФЛ Клисман Цаке од Струга ТЛ, не смее да се заборави на трансферот на Михаил Маневски од Брегалница, донесен беше и Андре Менсалао (Бразил). Арменд Алими си замина во Работнички а Мевљан Мурати на позајмица во Ренова. Купен беше и Па Омар Џобе (Гамбија) но веднаш пратен на позајмица во Струга ТЛ како дел од трансферот на Цаке во Тетово.

БРЕГАЛНИЦА: Секако дека во преден план е доаѓањето на Илчо Ѓорѓиоски како тренер во Штип. Инаку ангажирани беа Диего Живулиќ (Хрватска) и Урош Дамњановиќ (Србија). Реално се очекуваше повеќе од штипјани.

РЕНОВА: Без многу помпа во јавноста, челниците на Ренова и пред се спортскиот директор Фисник Нухиу успеаја да донесат квалитетни имиња. Пред се тоа е Мевљан Мурати од Шкендија, потоа Бери од Шкупи, и двајцата на позајмица. Исто така донесени и странци како Амир Кахримановиќ (БИХ), Назим Мамадзаде (Азербејџан), а треба да се каже дека е вратен и Фисни Зука од Шкупи. Најважно за “гипсарите“ е што “костурот“ од есенскиот дел остана, значи Ренова ќе биде посилна.

May be an image of 1 person and standing

МАКЕДОНИЈА ЃП: Најзначајно за Македонија ЃП е што по пауза од неколку сезони дома се врати Кристијан Стојкоски. Се врати и Давид Атанасковски, секако и Самир Фазли. Останаа најзначајните играчи, а донесени се и странци како Голдберг Купер (Италија) и Амирохосен Хаџиаџа (Иран).

May be an image of 1 person

СТРУГА ТЛ: Стружани загубија со заминувањето на Клисман Цаке во Шкендија, но затоа ги добија Томе Китановски, Дарко Илиевски, Па Омар Џобе за кого веќе рековме дека дојде на позајмица од Шкендија, секако и Сава Радиќ од А. Пандев. Реално Струга ТЛ има подобар тим од есенскиот дел.

May be an image of 1 person, standing and text that says 'F.C. STRUGA 20 15 TRIM & LUM AK ALLA KOMPANI ING LULI DAUTI Euro Bus EURO AKTIVA TRIM & LUM KORÇA FOTO TRì DAUTI কলা DA GLULI Euro Bus AK ALLA KOMPANI KOR TRIM LUM'

РАБОТНИЧКИ: Клубот од Градски парк донесе повеќе играчи, но не може да се каже дека е засилен, сепак ќе видиме. Имено ги продаде “бисерите“ Лука Станковски и Ристо Јанков, а остана без своето најголемо засилување Арменд Алими кој беше една од “бомбите“ во преодниот рок, но се повреди и ќе биде во “аут“ барем шест месеци. Во Работнички се вратија Момчило Рашо (Ц. Гора) и Драшко Ѓорѓевиќ (Србија). Потоа некогаш големиот талент на Шкендија Арбин Зејнулаи, па Симеин Христов, Анес Рушевиќ (Србија), Родригез (Венецуела), Куција (Грузија) и уште неколкумина кои допрва треба да се промовираат.

СКОПЈЕ: “Пиратите“ од Автокоманда останаа без Ален Јашароски, но затоа го вратија Изет Ајрулаху, ги ангажираа и Боби Целески, Бујар Хајдари, Љубен Филиповски, Марко Андоновски, Антонио Божиновски. Го доведоа и Јасин Насер (Холандија).

ТИКВЕШ: Можеби желбите беа едно, но сепак реалноста сосема друго во однос на кавадарчани. Тиквеш успеа да го донесе искусниот Драган Стојков од Работнички, како и Николај Христов (Бугарија). Со Андреј Лазаров потпиша договор, а ги донесе и Мартин Давков, Глигор Дончев.

БОРЕЦ: Велешани пазареа, но искрено тешко дека донесоа одреден квалитет. Аднан Исламовиќ и Александар Милиќ (Србија), потоа Омар Медина (Мексико), како и од домашниот пазар Џемал Ибрахимовиќ, Марко Алчевски, Октај Ракипи, Кристијан Ивановски, Александар Златевски.

ПЕЛИСТЕР: Новото раководство на Пелистер се трудеше да донесе што може подобро и повеќе, но сепак треба да се биде реален. Во Битола пристигнаа Едгар Натранг од Шкупи, Удома Чуквума (Нигерија), Петар Љамчевски и Андреј Ричков од Вардар, Игор Момироски од Победа, како и Христијан Торнески, Бојан Стефановски, Михаил Милевски, Александар Поповски…

ПретходноКрадец во соблекувалната на ПСЖ
СледноМЗТ Скопје со победа се одјави од Бања Лука, трката за врвот продолжува!