Ако веќе вчера анализиравме која екипа е најблиску до шампионската титула, денеска е редот да видиме како стои ситуацијата со екипите кои се во долниот дел на табелата во пресрет на стартот на пролетниот дел од тековната сезона 2021/22.
Познато е дека двете последни екии директно ќе испаднат од ПМФЛ, додека деветтата и десеттата ќе играат бараж. Значи осмото место е сигурно.
Во пресрет на 19.коло или прво пролетно, ситауцијата на табелата е следна. Работнички е осми со 22 бодови. Звучи неверојатно дека еден од нашите најтрофејни клубови ќе стравува за својот опстанок, но што да се прави, така вели табелата.
Во зоната на баражот се Скопје со 20 и Тиквеш со 15 бодови. Во врска со баражот секако дека екипите знаат дека треба да се избегне баражот, имено таму можен ривал им е Вардар, па и Воска Спорт. Нема да биде лесно.
На Борец, а посебно на Пелистер ќе им биде најтешко. Тие засега се последни на табелата, ќе им требаат многу победи, бодови, но и многу среќа за да ги избегнат оние места кои водат во баражот.
На крај прашањето е дали има спас за Пелистер или уште сега битолчани со тие 5 бодови можеме да ги „отпишеме“.
Како и во битката за титулата, така и за опстанокот ќе биде супер интересно.
ТАБЕЛА
8.РАБОТНИЧКИ 22
………………………………
9.СКОПЈЕ 20
10.ТИКВЕШ 15
………………………………..
11.БОРЕЦ 12
12.ПЕЛИСТЕР 5