Пелистер со реакција по повод изјавата на Исмаили: Проблемот е во тренинг-компензацијата!

1990

ФК Пелистер излезе со соопштение по повод изјавата, односно неговиот напис на социјалните мрежи, Усни Исмаили. Играчот го обвинува клубот дека тој е виновен за нереализираниот трансфер на Исмаили во Тун (Швајцарија).

Покрај другото од клубот велат дека проблемот е во тренинг – компензацијата која тимот од Швајцарија треба да ја плати на матичниот клуб, а тоа е Плеистер.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на ФК Пелистер…

ФК Пелистер сака детално да ја запознае јавноста со информациите и шпекулациите поврзани со фудбалерот Усни Исмаили. Се работи за дете на Пелистер, фудбалер кој од мали нозе е наш фудбалер, момче во кое клубот инвестираше со години, а тој возврати со професионални настапи во сите наши категории. Оваа зима истече неговиот професионален договор со нашиот клуб и тој е слободен да си бара нова средина. Сепак, регулативите на ФИФА ги заштитуваат клубовите и со мерката тренинг-компензација им возвраќаат за нивните инвестиции во младите фудбалери. Тоа се поклопува со нашата идеја школата на клубот да се самофинансира.

По информациите дека Исмаили има личен договор со швајцарскиот клуб Тун, по листата на нормативи на ФИФА, овој клуб е должен да ни исплати 480.000 евра како тренинг компензација. Оваа цена не е поставена или побарана од ФК Пелистер, туку ФИФА ја одредува во зависност од нивото на шампионатот од каде што доаѓа клубот кој го реализира трансферот. ФК Пелистер, кој минува низ транзиционен период и кој се финансира од општински пари, има обврска да се грижи за својот буџет, преку продажба на фудбалери да го зголемува истиот и да егзистира. Но, познавајќи ја кризата и ковид-проблемите, во постојаната официјална комуникација со клубот Тун, нашите побарувања се само 10% од официјалната сума која ФИФА ја налага (50.000 евра и процент од следниот трансфер). Клубот не смее да си дозволи фудбалери бесплатно да си заминуваат, бидејќи тоа е еден од основните начини на финансирање во светот.

Во разговорите со клубот Тун дојдовме до оваа сума, која е неприфатлива за швајцарскиот клуб. Нивната понуда која стигна до нас е условна тренинг компензанција која не носи ниту едно евро во клупските каси , туку условува прилив од 28.000 евра доколку фудбалерот исполни одредени услови во сениорската екипа во иднина.

Уште еднаш сакаме да потенцираме дека Усни Исмаили е слободен фудбалер да ја избере својата иднина, но во кој клуб и да потпише тренинг компензацијата е задолжителна според ФИФА регулативите и наша обврска кон акционерите и навивачите е да се заложиме за нејзино почитување. Примерите со продажбата на фудбалери како Станковски од Работнички и Елези од Шкендија се пред нас и ние сакаме да се движиме во тој правец.

Во продолжение ја приложуваме комуникацијата меѓу ФК Пелистер и ФК Тун во случајот Усни Исмаили“, се вели во соопштението.

May be an image of text

ПретходноБитка за плеј-оф во Охрид, Вардар подготвува одмазда за битолчани
СледноГвардиола: Не му верувам на Клоп