Денеска на големата скокалница се одржа фантастично натпреварување во Ски – скокови во поединечна конкуренција. Драмата беше во неколку чина, но сепак на крајот радост за Норвешка. Најдобар беше Мариус Линдвик кој го зграпчи златото, и тоа поради одличниот скок во втората серија, додека најголемиот фаворит Рују Кобајаши заврши како втор со сребро на градите.
Трет беше Карл Гајгер од Германија.
Словенците и покрај големите надежи сепак останаа без медал.