Пролетниот дел во ПМФЛ стартуваше со победа на Ренова среде Штип и тоа со 1:2. Со оваа победа “гипсарите“ му го загорчија“ дебито на Илчо Ѓорѓиоски на клупата на Брегалница. Ренова беше подобра, посебно во првиот дел, затоа и заслужено победи на очајно лошиот терен под Исарот.
Првиот дел мина во иницијатива на Ренова, токму затоа и на крајот по тие 45.минути водеше со 0:1. И тоа со смешниот гол кој го постигна Мурати во копродукција со Денковски кој катастрофачно реагираше и речиси сам си ја смести топката во својата мрежа.
Имаа “гипсарите“ уште две шанси, а Брегалница преку Манев ја погоди стативата.
Во вториот дел Брегалница тргна поактивно, агресивно, но со тоа се отвори простор за гостите кои преку Серафимовски успеа да дојде до 0:2. Во акциите учествуваа и Селмани и Мена.
И тогаш Брегалница тргна на се или ништо. Па така многу брзо, по само осум минути преку Дамњановиќ, кој само што влезе, успеа да намали на 1:2.
Во финишот на мечот и двете екипи имаа шанси,но сепак резултатот остана 1:2 и големи три бода за Ренова.
Треба да се каже дека Алтипармаковски во 90+5. минута имаше зицер за 2:2 но не успеа да реализира.