Клозе со здравствени проблеми, принуден е да го остави фудбалот

505

Легендарниот германски голгетер Мирослав Клозе поради здравствени причини е принуден да земе долг одмор од фудбалот. Клозе се повлече од играњето фудбал во 2016 година, работеше како помошен тренер во поранешниот клуб Баерн, а последниот ден на работа му беше минатата сабота.

Се почна пред околу три седмици, кога одеднаш почувствував силна болка во ногата. Не знаев за што точно се работи, отидов на детален преглед кај нашите лекари затоа што болките беа се посилни. Прво мислев дека е истегнат мускул или нешто слично. Дијагнозата ме запрепасти. Имам тромб во ногата. Веднаш ми дадоа лекови и лекарите ми рекоа сериозно да го сватам ова. Ми рекоа дека морам долго да одморам“, изјави Клозе кој го напушти Баерн за да се школува за тренер, но засега тоа ќе биде ставено во „втор план“.

ПретходноВетено-сторено: Им вративме на Данците со иста мерка
СледноМЗТ Скопје по брза постапка го реши Пелистер за финале (ФОТО)