Борусија Дортмунд работи на трансферот на фудбалерот на Салцбург Карим Адејеми.
Потписот на 20-годишниот напаѓач е приоритет на германскиот клуб по трансферот на дефанзивецот Никлас Зиле. Од клубот се уверени дека наскоро ќе постигнат договор со Салцбург и веќе имаат подготвено 5-годишен договор за играчот.
Претходно беше објавено дека Австријците бараат 30-40 милиони евра за Адејеми.