Седум гола, три пенали и победа за Атлетико (М) (ВИДЕО)

220

Атлетико (М) во неверојатно драматичен меч успеа да слави со 4:3 на мечот со Гетафе.

Исклучително импресивно беше првото полувреме во кое видовме 6 гола и три пенали. Напрво Суарез промаши од белата точка во 9. минута, за 11 минути потоа Анхел Кореа да погоди за 1:0 за домашните. Куња во 27. минута го донесе Атлетико до 2:0, а потоа на сцена стапија гостите.

Борха Мајорал намали на 2:1 во 30. минута, па следуваат два пенализ а Хетафе кои во голови ги претвори Унал за 2:3. Во завршницата на првиот дел со својот втор гол, Анхел Кореа израмни на 3:3.

Вториот дел почна со црвен картон. Атлетико остана без Фелипе кој во 59. минута беше исклучен. Клучниот момент на средбата беше во 89. минута кога Хермосо погоди за голема победа.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноПовреда на дебито за Газиантеп: Лука Станковски го чека пауза од најмалку 6 недели
СледноОблак, Феликс и Љоренте си одат од „Ванда Метрополитано“ ако не играат во ЛШ