ПСЖ “раскинува“ со Ди Марија!

233

Покрај Килијан Мбапе, во јуни од ПСЖ си оди и Анхел Ди Марија. Малку чудно ако се знае дека во последните седум сезони, колку што Аргентинецот е во Париз, важи за еден од најдобрите фудбалери на “светците“.

Сепак раководството на ПСЖ посакува да направи “ремонт“ на тимот, а во тој нов тим нема место со Ди Марија. Без разлика што е добар пријател со Меси, што важи за играч од доверба, сепак нема место за Аргентинецот.

Него му истекува договорот во јуни, а кажано му е дека може слободно да си оди и дека ПСЖ нема намера да му понуди нов.

ПретходноТрагедија: Убиен навивач на Палмеирас додека го гледал финалето со Челзи!
СледноПознати стартните состави: Седлоски со тотална офанзива, “пандевци“ без Ангелов, Горгиев на клупа!