ИОК нема да и додели медал на Камила Валиева – доколку освои!

221
Случајот Камила Валиева доби нов тек. Откако судот за спортска арбитража во Лозана и да дозволи на 15-годишната Русинка да продолжи со настапот на Зимските олимписки игри, сепак таа нема да се најде на церемонијата за медали, секако доколку дојде до ново одличје. Исто така засега без медали останува Русија која го освои златото во екипна конкуренција, вака ќе биде се додека не биде комплетно завршена постапката за Валиева, сооптшија од ИОК.
„Поради почит кон сите спортисти и Националните олимписки комитети, не е соодветно да се одржи церемонија на медали за екипниот настан на Зимските олимписки игри во Пекинг бидејќи би вклучували и спортистка која има позитивен А примерок, но тие прекршувања на антидопинг правилата се уште не се утврдени.
 

Доколку г-ца Валиева заврши меѓу трите во женските натпреварувања во поединечна конкуренција, нема да се одржи церемонија на доделување на медалите за време на Зимските олимписки игри во Пекинг“, се вели во соопштението на ИОК.

Петнаесетгодишната Валијева била позитивна на тестот направен на 25. декември, на 8. февруари била привремено суспендирана, меѓутоа Руската антидопинг агенција (РУСАДА) следниот ден ја укинала таа одлука.

ПретходноИ Велковски со оптимизам: Имаме шанса против Ним, играме добро!
СледноАндреас Трајковски во Данска урна рекорд – стар 27 години!