Италија тренираше давање голови против Сан Марино (7:0)

210

Италијанската фудбалска репрезентација со убедлива победа над Сан Марино 7:0 ги почна подготовките за ЕУРО 2020 во пријателски натпревар кој се одигра на Сардинија. Прв пат по 16 години Италија гостува на Сардинија, последен пат на „Сан Елиа“ се играше кога Марчело Липи беше селектор и стадионот на Каљари беше преполн, па дури многу гледачи не успеаа да влезат. Тогаш Италија ја победи Русија со 2:0, а вечерва на истиот стадион го совладаа Сан Марино со 7:0.

Роберто Манчини извади „резервен“ состав, со цел да ги провери оние играчи што не често добиваат шанса во првиот тим. Така, на голот беше Алесио Крањо, играа Толои, Манчини, Ферари, Бираги, Песина, Кастровили, Грифо, Кен…

Потоа влегоа и дел од првотимците па конечниот резултат беше 7:0.

Во првото полувреме погодија Бернардески и Ферари, а во второто два пати Политано, два гоила даде Песина, а еден Белоти.

Ова воедно беше прв меч меѓу Италија и Сан Марино по мај 2017 година. Тогаш Италија беше подобра со 8:0.

ПретходноКОНЕЧНО: Се укинува правилото гол во гости во европските купови
СледноЦрвена Звезда по петти пат ја освои АБА лигата