По одличните игри во Анталија, во Штип во пресрет на стартот на пролетниот дел се “загреа“ атмосферата. Едвај се чекаше дебито на клупата на новиот стратег Илчо Ѓорѓиоски. И дојде сабота, гостува Ренова, екипа против која можеш да одиграш и да победиш ако си подобар, на трибините убава посета, штипјани очекуваат убава фудбалска претстава и убедлива победа.
Но…Ренова ја “тресна“ Брегалница која беше очајна.
На Илчо му беше најтешко, убаво се гледа од фотографијата неговата нервоза…а неговиот помошник Пижон како да сакаше да му каже:
„Шефе, очајни бевме“…
Како Илчо да не го знаеше тоа.