Пелистер се врати од минус 17 и остана перфектен и по 15. коло

358

Пелистер ја запиша 15 победа во Првата лига оваа сезона, но овој пат многу повеќе се намачи. На домашен терен против Еуро Никел имаше 17 поени разлика, најде начин како да се врати и на крајот славеше со 93:84.

Битолчани се вратија на лидерското место на табелата пред актуелниот првак МЗТ Скопје. Кавадарчани го одиграа најдоброто прво полувреме оваа сезона против ривалите од горниот дел од сезоната, поведоа со плус оусм (4-12), позитива со која ја завршија првата четвртина (24-32). На другата страна избраниците на Марјан Илиевски делуваа изгубено, па гостите за кратко време дојдоа на плус 15 (24-29).

Битолскиот состав немаше решение во овој дел за нападот на Еуро Никел, сите обиде завршуваа без поголем успех. Кавадарчани лесно го наоѓаат патот до кошот, единствено што Пелистер успеа да стори во сето сивило е да намали под десет на полувремето (44-51).

Во првите шест минути расположените гости отворија со серија од 4-13 за 48-65. И покрај големата негатива, Пелистер некако успеа да се издигне, предводен од Малешевиќ и Кесар, врати со 17-0 и поведе со 73-71 на стартот на последната четвртина. Крај на налетот на домаќинот ставија Самарџиски и Калахан кои погодија по едно слободно фрлање, израмнија на 73-73 за интересна завршница. Проработе и Стајиќ, влезе во серија, па Пелистер поведе со 83-75.

До крајот на средбата видовме многу промашувања и малку кошеви. Битолчани умешно ја задржаа предноста и на крајот прославија нов триумф. Малешевиќ блескаше со 26 поени во составот на Пелистер, додека кај кавадарчани одлична пратија имаа Калахан со 19 и Џекиќ со 14 поени.

ПретходноШтета: „Десеткуваниот“ Е.Пелистер во добра игра поразен од Ним
СледноСалернитана втор пат сезонава го смени тренерот