За време на натпреварот меѓу Борец и КЛ7 Свети Николе дојде до инцидент. Тренерот на гостинскиот тим, Мики Панев, по една судиска одлука целосно се изгуби, влезе во теренот да се пресмета со еден од арбитрите.
На момент беше вистински хаос. И покрај тоа што неговите играчи и лица од клубот се обидуваа да го сопрат, тој го бркаше судијата. На крајот делегатот и заедно со делителите на правда одлучија да го прекинат мечот.
Панев заработи суспензија од една година, натпреварот е регистриран со службени 10-0 за Борец, а додека тимот од Свети Николе остана без еден бод.