Двоен успех на Швајцарија во ски-крос

71

Швајцарија освои злато и сребро во дисциплината „ски крос“ во скијање слободен стил во машка конкуренција. Рајан Регез стигна до најсјајниот медал во големото финале и ја потврди водечката улога која ја имаше и во Светскиот куп.

Алекс Фива не можеше сериозно да му се закани на Регез, но од друга страна никогаш немаше проблем да ја задржи втората позиција. Сергеј Ридзик заврши како трет и ја зголеми колекцијата на бронзени медали од Олимписките игри. Русинот повторно се искачи на третото место на пиедесталот, исто како и во Пјонгчанг пред четири години.

ПретходноЗОИ 2022: Финска е прв финалист на машкиот хокеарски турнир
СледноФранцуската биатлонка Браизаз-Буше е сензационална победничка на 12,5 км. масовен старт