Египетскиот Ал Ахли го победи мароканскиот Ренесанс Беркане со 2:0 во финалето на африканскиот Суперкуп и стигна до својата 21. континентална титула! Мохамед Шериф и Салах Мосен со головите во второто полувреме ја донесоа титулата на Ал Ахли наменета за супершампион на Африка. Финалето се одигра во Доха пред 7000 гледачи поради пандемијата со коронавирусот.
Ал Ахли е најдоминантниот клуб во африканскиот фудбал со девет победи во африканската ЛШ, седум во Суперкупот на Африка, четири во африканскиот Куп на победници на Куповите и една во Купот на конфедерациите.
Инаку во финалето на африканскиот Суперкуп играа победникот на африканската ЛШ, Ал Ахли и освојувачот на пехарот во Купот на конфедерациите на Африка.
Ал Ахли сезонава освен што ги освои ЛШ и Суперкупот на Африка, стана египетски првак, го освои и Купот на Египет, беше третопласиран на Светското клупско првенство. Следна задача е трофејот во египетскиот Суперкуп.
FOTO> Twitter/Al Ahly
📽️ HIGHLIGHTS:
Goals from Sherif & Mohsen secure #TotalCAFSC triumph for @AlAhly against @RSBfootball in an entertaining 2-0 clash. ⚽⚽ pic.twitter.com/Y1czOONtr8
— Total CAFSC 🏆 (@CAFCLCC) May 28, 2021