Работнички – Шкупи 0:1 е епилогот од дербито на 20.коло во ПМФЛ. Реално според играта, шансите, победата на четата на Гоце Седлоски требаше да биде поубедлива. Ако во првиот дел чаирчани не ги откриваа картите докрај, тогаш во второто полувреме се беше на нивна страна. Радески е гол – мајсторот за нови три бода.
Со оваа победа Шкупи е чекор поблиску до титулата, а Работнички без сила. Во првото полувреме нешто и се обидуваше, но второто падна и тоа целосно. Дали преголемиот респект кон лидерот, дали толку е квалитетот треба допрва да се анализира.