Кристина Пуљезевиќ беше најкорисен играч на финалниот турнир во женска конкуренција. Кошаркарката на Баскет Кам 2011 еализираше висок двон ефект, и сосема заслужено го доби МВП признанието
„Драго ми е што го освоивме Купот, и што ја имавме Антиќ во тимот, па заедно дојдовме до посакуваниот успех. Се надевам дека и во првенството ќе го оствариме ова“– искоментира кратко силната Србинка.
По подолго време, Јелена Антиќ се врати во македонската кошарка. И веднаш, со нејзина голема помош, стигна вториот Куп-трофеј во Македонска Каменица.
„Имавме добар резултат минатата година, а на овој меч Бадел 1862 беше фаворит и среќни сме што собравме сили по вчерашниот тежок меч во кој се истрошивме максимално и со солидна игра дојдовме до трофејот. Честитки за Бадел 1862, но вечерва среќата беше на нашата страна“.