Дамјан Стојановски му откажа на Бајиќ – нема да игра против Грузија!

889

По завршување на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, кој го освои ТФТ, веднаш започнуваат подготовките за двомечот со Грузија во рамките на претквалификациите за место на Светското првенство 2023 година.

Селекторот Драган Бајиќ за овие мечеви нема да смета на Дамјан Стојановски. Капитенот на МЗТ Скопје по вчерашното финале најави дека нема да биде дел од составот на македонската кошаркарска репрезентација.

„Им посакувам среќа на играчите кои ќе настапат против Грузија, се надевам дека ќе дојдат до победа и ќе направат чекор напред кон пласман во следната фаза“, порача од „Кале“ искусниот кошаркар.

Во составот на Бајиќ под знак прашалник се Лука Савичевиќ и Андреј Јакимовски, кои играат во НЦАА-лигата, како и Ненад Димитријевиќ.

Првиот меч со Грузија се игра на гостински терен на 24. овој месец, додека три дена подоцна во Скопје се игра реваншот.

ПретходноСловенецот во шок: Мајкл Џордан го изненади Дончиќ (ВИДЕО)
СледноДарко Радуловиќ пред отказ во МЗТ Скопје!