Дејвис: Ќе биде тешко, мора да бидеме перфектни во одбраната!

262

На Давид Дејвис му е добро познато дека овој месец е важен за Вардар 1961, но и за сите останати тимови во Лигата на шампиони, сите бркаат бодови за подобра позиција на табелата за продолжување на европскиот сон.

Најважно е во ова натпреварување да се добијат дуелите на домашен терен, а прв во редот е ППД Загреб.

“Од натпревар во натпревар, екипата игра подобро, ако имавме уште повеќе време за подготовка ќе бевме уште подобри. Мора брзо да се подготвиме за Загреб, да направиме добра тактика, имаме почит кон овој тим, игра многу добро во последно време. Многу важен месец е ова за Вардар, сите ќе се борат за бодови. Ако сакате да направите нешто повеќе, мора дома да победувате. Ќе биде борба, но ќе се потрудиме да одиме место погоре на табелата. Во мојот систем е главна одбраната и голманите, а ако тие функционираат доаѓа до победа. За мене најважна е дефанзивата, па така ќе биде и со Загреб.

Нашата цел е пласман меѓу шесте најдобри. Затоа ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка, се сеќавам на одличната атмосфера пред неколку години“, вели Дејвис.

Дуелот меѓу Вардар и ППД Загреб се игра во среда.

ПретходноРистовски во Вардар до 2023 година!
СледноНа Бајиќ му е забрането да влезе во Косово, не може да патува со македонската репрезентација!