Од Бразил стигнува вест дека тамошниот клуб Ботафого може да го привлече уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани кој игра во Манчестер Јунајтед. Ветеранот е член на клубот од „Олд Трафорд“ но има договор до крајот на сезоната по што тој ќе биде слободен фудбалер.
А Џон Текстор, сопственикот на Ботафого веќе контактирал со Валтер Гуљелмоне, агентот на Кавани, со цел да ги дознаат условите за преселба на напаѓачот во клубот од Рио де Женеиро. Не е познато дали се договориле и дали има позитивни сигнали за овој трансфер, но јасно е дека двократниот бразилски првак сака да направи сензационален потег со ангажман на еден од најдобрите уругвајски напаѓачи.
The owner of Botafogo admits they are interested in signing Edinson Cavani in the summer. pic.twitter.com/PldxgyoyFk
— FOOTBALLFANSSTUFF (@officialffsnews) February 21, 2022