Обрван: Добро го познаваме Вардар, нашата цел е победа!

314

Вардар 1961 утре на домашен терен го пречекува ППД Загреб во директна битка за место во нокаут фазата. Хрватскиот тим е на шестото место на табелата со бод повеќе, актуелниот македонски првак ќе мора да ја добие оваа средба за да остане сонот за пласман меѓу најдобрите шест екипи.

На „кормилото“ на ППД Загреб е Ивица Обрван, кој со своите момци минатото коло го победија Пик Сегед, па исто како и Вардар ќе влезат со голема самодоверба.

„Добро го познаваме Вардар, единствена промена е тренерот, можеби и начинот на игра. Според некои метаметики и бод би бил доволен за осминафинале, но не размислуваме на тоа. Сакаме по Пик Сегед да одиграме уште еден добар натпревар. Покажавме дека можеме да одиграме добро и на гости кај Брест и Монпелје. Ако бидеме ние вистинските можеме до позитивен резултат“, изјави поранешниот македонски селектор.

Мечот меѓу Вардар 1961 и ППД Загреб е закажан со почеток во 20:45 часот.

ПретходноДоријан Бабунски во тимот на колото во Унгарија!
СледноПочина Бранислав Белевски – Будла, легендарниот масер на Вардар!