Пет службени порази и исто толку одземени бодови за Металург во Супер-лигата!

310

Металург и натаму е во трка со времето за решавање на суспензијата од страна на ЕХФ за домашните натпревари. Во известувањето од европската федерација до РФМ стои дека тимот од Автокоманда мора да ги подмири долговите кон Александер Шпенде и Зоран Кастратовиќ, двајцата тужители доколку сака да продолжи да се натпреварува во националното првенство.

Во меѓувреме Металург пропушти пет меча од домашното првенство и истите веќе се регистрирани со службен пораз од 10-0 и одземање на бодови, вкупно пет.

Па Супер-лигата пред самата завршница доби нова табела, на која Металур е на десетото место, пред Скопје и Радовиш.

Металург не ги одигра дуелите со Вардар, Пролет, Охрид, Е.Пелистер 2 и Бутел Скопје.

ПретходноПобеда за мерак: Георгиевски триумфално против Гркот Ангелопулос!
СледноОфицијално: МЗТ му врачи отказ на Радуловиќ!