Во четврток нашата најдобра кошаркарска репрезентација ќе ги одмери силите со Грузија и тоа на гости. Потоа следува мечот во Скопје. Ова се два квалификациски натпревари за СП во 2023 од февруарскиот прозорец на ФИБА.
Џејкоб Вајли, од кого многу се очекува, за тоа што следува в четврток во Грузија, а потоа и во Скопје истакна.
“Секако дека сакаме да победиме. Верувам во тимот, иако имаме проблеми со повредени играчи. Имаме силен и отпорен тим. Нема да биде лесно, и тие ја сакаат победа како нас. Мора да се подготвиме најдобро. Имаме хемија во тимот од претходните прозорци. Сакаме да запишеме две победи, но нашиот фокус е прво да одиграме најдобро и на двете средби против Грузија“ вели Вајли.