ПМФЛ – 21.КОЛО: Илчо в сабота се враќа во “своето“ Ѓорче, дербито се игра во недела под Шара!

947

Претстојниот викенд на „програмата“ се сите шест натпревари од 21.коло во ПМФЛ во тековната 2021/22 сезона. Во сабота се игра еден меч, и тоа оној меѓу Македонија ЃП и Брегалница. Тоа значи дека стратегот на штипските „сини“ Илчо Ѓорѓиоски в сабота се враќа во „своето“ Ѓорче. Познато е дека како тренер Ѓорѓиоски со Македонија ЃП ја освои својата прва шампионска титула во 2008/2009 сезона. Сега ќе мора против своите ѓорчепетровци.

Лавовите“ спремно го чекаат својот сограѓанин, во супер форма со две победи во првите две пролетни кола, додека Брегалница освои само еден од можните шест бодови.

Дербито се игра во Тетово и тоа меѓу Шкендија и А. Пандев. Тоа е дуел меѓу вториот и третиот на табелата. На останатите мечеви се среќаваат Борец – Струга ТЛ, Скопје – Работнички, Шкупи – Тиквеш и Пелистер – Ренова. Сите натпревари започнуваат во 14 часот.

ПретходноАнглиските клубови да го бојкотираат финалето во ЛШ во Санкт Петербург, санкции и за Абрамович! (ВИДЕО)
СледноКаква глупава грешка: Косоварите мислеле дека Бајиќ е повеќекратен убиец!