Грузија без Шенгелија ќе ја напаѓа Македонија!

236

На неполни 24 часа пред официјалниот почеток на средбата Грузија-Македонија, селекторот на домашната селекција, Илиа Зурос, го објави списокот на 12. кошаркари кои ќе играат против „црвено-жолтите“ во Тбилиси.

Очекувано, во ростерот за мечот кој се игра од 16 часот, ја нема првата ѕвезда на Грузија во овој момент, Торнике Шенгелија, кој има обврски со московска ЦСКА во Евролигата.

И покрај ова Грузија има доволно силно оружје за дуелот со Македонија, која на ова гостување замина со подмладен состав поради бројни повреди. Зурос ќе го има на рапсолагање други одлични кошаркари како Георги Шермандини, Тадус Мек Фејден, Дуда Санадзе…

СОСТАВ НА ГРУЗИЈА: Георги Шермандини, Дуда Санадзе, Гиви Бакрадзе, Илиа Лондаридзе, Бека Бекаури, Кахабер Јинчаридзе, Тадус Мек Фејден, Мераб Боколишвили, Геoрге Корсантиа, Акаки Двалишвили, Микел Беришвили, Отар Пакадзе;

СЕЛЕКТОР: Илиас Зурос

За разлика од Македонија, Грузија има една победа, против Украина на домашен терен.

ПретходноКаква глупава грешка: Косоварите мислеле дека Бајиќ е повеќекратен убиец!
СледноРистовски: Престанете да го прозивате Петковиќ