Изречени казните за инцидентот во „Градски парк“, во кој родител се обиде да нападне кошаркар на Работнички!

2357

Комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ ги изрече казните за хаост кој настана за време на дуелите меѓу Работнички и МЗТ Скопје за кошаркари до 14 години. Овој натпревар беше прекинат откако родителите на двата тима влегоа физички да се пресметаат. Причината за ова е срамниот однос на еден родител од страната на МЗТ Скопје, кој влета на терен и се обиде физички да нападне кошаркар на домашниот тим. На голема среќа тренерот на МЗТ Скопје, Митевски и техничкиот раководител на Работнички, Радевски навремено го спречија тоа. На мета на навивачи на МЗТ Скопје бил и домашниот тренер Пепиќ.

Според изјавата на претставникот на домашниот тим, еден од родителите кој влетал на теренот и сакал да се пресмета побегнал од салата кога дошла полицијата, додека другиот останал.

Казни добија и двата тима. Работнички ќе плати парична казна по неколку основи: Немањето на редарска служба ќе го чини 2.000 денари, слаба организација (4.000 денари), за неспортско навивање (4.000 денари) и влетување на терен на нефоцијални лица (8.000 денари). Тимот од „Градски парк“ следните два меча ќе ги игра без пристуство на публика на домашен терен.

Гостинската екипа, МЗТ Скопје е казнета со 20.000 денари и забрана за присуство на публика на следните два меча, исто на домашен терен.

Во продолжение стои образложението и казните од страна на Комесарот за натпреварување при КФСМ.

ПретходноРепрезентацијата на Мали сериозно се засилува
СледноСледното „ЕЛ Класико“ е на 20 март