Мартинели: Четири пати бев на проба во Манчестер Јунајтед и секој пат ме одбиваа

274

Талентираниот напаѓач на Арсенал Габриел Мартинели призна дека додека бил тинејџер четири пати бил на проба во Манчестер Јунајтед, но никогаш не добил понуда да потпише договор со „црвените ѓаволи“. 20-годишниот Бразилец премина на „Емирати“ во 2019 година и во првата сезона во овој клуб постигна 10 гола. Потоа забави, а дел од причините за тоа се и некои повреди поради што засега има само шест гола.

На 13, 14, 15 и 16 години бев на проба во Манчестер Јунајтед. Бев во клупската база на Јунајтед во возрасна група со Мејсон Гринвуд и Брендон Вилијамс. Се сретнав со играчи како Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Вејн Руни и Патрис Евра. Во ниту еден момент тие се ми кажаа да останам. Но од друга страна тоа ми ја направи адаптацијата во Арсенал полесна затоа што веќе научив некои работи за фудбалот во Англија. А после тие пробни периоди уште повеќе верував во себе“, раскажа Мартинели.

 

ПретходноАгуеро: Не знам дали е од Ковид или од вакцината, но нешто се случи со мене
СледноВардар води против ППД Загреб на полувреме