Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ кој игра за Фулам вечерва постигна гол во дуелот со Питерборо со што го урна рекордот по број на погодоци во Чемпионшип дивизијата во Англија во една сезона.
За „Митрогол“ тоа е 32 погодок сезонава во 30-тиот меч, а да потсетиме до крајот на сезоната има уште 14 кола. Претходниот рекорд беше поставен од страна на Иван Тони минатата сезона кој постигна 31 кол. На третото место на оваа листа е Глен Мари кој во сезоната 2012/13 постигнал 30 гола.