Фудбалерот кој го бакнуваше симболот на украинската војска испрати порака

635

Фудбалерите на Бенфика синоќа на домашен терен одиграа без победник против Ајакс (1-1) на домашен терен во рамките на првата осминафинална среба во Лигата на шампионите. Мечот го одбележа Роман Јаремчук.

Украинскиот фудбалер го постигна голот за израмнување, а истиот го прослави бакнувајќи го грбот на својата земја. Со овој потег испрати порака до својата земја, која денеска влезе во воен конфликт со Русија.

По мечот, се огласи на социјалните мрежи.

„Украинец сум и горд сум на тоа. Илјадници километри сум одалечен од татковината, но сакам да дадам поддршка на сите оние кои живеат во тензија, сега е време да се обединиме. Ова е наша држава, наша историја, наша култура, наш народ и наши граници. Сакам да се заблагодарам на сите оние храбри луѓе кои ги бранат нашите граници. Слава на Украина“, беше пораката која Јаремчук ја испрати преку социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roman Yaremchuk (@r.yaremchuk)

ПретходноЈончевски: Ни претстои тежок меч, не поради квалитетот на Грузија!
СледноЧави откри „грешка“ на статуата Диего Марадона (ВИДЕО)