Рускиот репрезентативец Федор Смолов на изненадување на многумина на социјалните мрежи сподели порака со која се противи на денеска започнатата војна во Украина од страна на неговата држава.
„Не за војна во Украина“ – напиша Смолов, и со тоа веројатно си направи огромни проблеми во татковината, каде што настапува за тимот на Динамо Москва.
Смолов во моментов има 32. години и има педесетина настапи за Русија, што го прави и тоа како сериозен авторитет во тамошниот фудбал.