Марк Хјуз конечно му се врати на фудбалот. Тој е именуван за нов менаџер на четвртолигашот Брадфорд Сити и ќе дебитира на дуелот со Мансфилд во сабота. Тоа е прв ангажман за велшкиот тренер по отказот во Саутемптон во 2018 година.
Поранешниот тренер на Манчестер Сити, Блекбурн и Стоук доаѓа на местото на Дерек Адамс кој беше отпуштен пред 20-тина дена по слабите резултати кои го ставија клубот на 15-тото место на табелата со 11 бодови од опасната зона.
FOTO> Bradford City