Холандски Витесе го совлада Рапид Виена со 2:0 и се пласира во осминафиналето на Лигата на конференции што претставува повторување на најголемиот успех на еден од најстарите холандски клубови во некој европски куп. Претходно Витесе беше осминафиналист во Купот на УЕФА (ЛЕ) во 1993 година.
На првиот меч во Виена, екипата на Рапид славеше со 2:1, но во реваншот во Арнем домашниот тим на Витесе победи со 2:0 со головите на Грбиќ и Беро.
Фенербахче доживеа уште еден пораз од Славија Прага со идентични 3:2 и се збогува од ЛК.
ПАОК и Митјиланд играат продолженија.