Реал Мадрид му понуди нов четиригодишен договор на Марко Асенсио, но понудите за него од странство се поисплатливи од финансиска гледна точка, изјави еден од неговите агенти за „ABC“.
Офанзивецот има договор само уште една сезона. Сега Реал му понуди плата од 4,5 милиони евра, плус, 1,5 милиони во форма на бонуси. Ова е речиси истата сума како сегашната плата на фудбалерот, но англиските клубови се подготвени да му дадат 7 милиони евра по сезона, според неговиот претставник. Медиумите додаваат дека можно е од таборот на Асенсио да се пуштаат и дезинформации само да се се „набилда“ неговиот нов договор.
Според информациите, Асенсио го посакуваат и Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд) и Јувентус. Тој е во својата шеста сезона на Сантијаго Бернабеу.