Леванте ја забележа третата победа сезонава со што останува во игра за опстанок во најсилната шпанска лига. Вечерва на свој терен го совлада Елче со 3:0 со што тимот од Валенсија направи три меча по ред без пораз (две победи и едно реми).
Леванте поведе со гол на Моралес во првото полувреме, а во второто стрелаа Де Фрутос и Мелеро. Македонскиот репрезентативец Енис Барди влезе во игра во 76 минута.
И покрај триумфот Леванте е последен со 18 бодови, шест бодови од сигурната зона.