Сензационални резултати во второто пролетно коло во ВМФЛ – ИСТОК. Имено од фаворитите само беласица успеа да победи, и тоа со 6:0 против ТИМ Локомотива. Додека Каменица Саса беше поразена од аутсајдерот Братство со 0:1. Каков кикс на тимот на Саса. Слога (В) не успеа да слави во Гевгелија, одигра само 1:1 кај Кожуф, додека киксираше и Победа која на гостувањето кај Детонит ремизираше без голови. Осогово со 0:1 го победи Пехчево како гостин.
РЕЗУЛТАТИ ЗА 17.КОЛО
САСА – БРАТСТВО 0:1
КОЖУФ – СЛОГА (В) 1:1
ПЕХЧЕВО – ОСОГОВО 0:1
БЕЛАСИЦА – ТИМ ЛОКОМОТИВА 6:0
ДЕТОНИТ – ПОБЕДА 0:0
ТАБЕЛА
Победа 36, Слога (В) 36, Беласица 34, Саса 34, Осогово 22, Кожуф 21, Детонит 20, Пехчево 19, Братство 10, ТИМ Локомотива 6