Велковски го доби дербито, Атанасов остана на клупа

156

Дарко Велковски ги одигра ситње деведесет минути за својот тим Ријека во дербито на шампионатот на Хрватска против Хајдук на гостински терен. Извојувана е голема победа од 1:3, во дуел во кој Ријека поведе рано со 0:2, па на домаќинот му беше тешко да се враќа во игра резултатски. Потоа, најдобриот стрелец во шампионатот на Хрватска, Марко Ливаја намали на 1:2, но само за да го натера Крешиќ повторно да ја доведе Ријека до водство од да разлика и конечни 1:3.

Јани Атанасов остана на клупата за резерви и не доби шанса. Со овој триумф Ријека се доближи само на бод до лидерот Динамо и има 49 поени, со напомена дека „Модрите“ утре го играат својот меч од ова кола против тимот на Осијек на гостински терен.

 

ПретходноРеал минимално кај Рајо (ВИДЕО)
СледноФФМ во посета на Палермо во пресрет на Италија – Македонија