Мојсовски донесе реми на Бутел, битолчани триумфално низ Охрид

130

Интересни средби се одиграа во последното 22 коло во Супер-лигата, кое беше важно за крајниот изглед на табелата пред битките во плеј-офот и плеј-аутот.

Бутел Скопје во последен момент од седум метри преку Златко Мојсовски се избори за реми на дуелот против Пролет (25-25). Овој исход не беше поволен за домашниот тим, кој во плеј-офот ќе стартува од четвртото место на табелата.

Жешката пресметка во Охрид заврши во корист на битолчани, славеа со 25-28 и завршија на третата позиција на табелата. Избраниците на Александар Јовиќ успеаја да дојдат до победата, откако на самиот старт на вториот дел со серија од 3-0 се изборија за водство од 20-22. До крајот го задржаа истиот ритам. Домаќинот на двапати дојде на минус еден, но не успеа да приреди пресврт.

Емилијан Ѓорговски со девет гола беше прв стрелец кај гостите, кај Охрид, Шилегов постигна седум погодоци.

На последната средба Тиквеш по голема драма го совлада Радовиш со 28-29.

РЕЗУЛТАТИ 22. КОЛО

Вардар – Струга 35-22

Бутел Скопје – Пролет 25-25

Охрид – Е.Пелистер 2 25-28

Радовиш – Тиквеш 28-29

Е.Пелистер – Прилеп 33-20

*И во ова кола Металург поради суспензијата не го одигра предвидениот дуел со Скопје, истиот како и останатите ќе биде заверен со службени 10:0 и одземање на бод на тимот од Автокоманда.

ТАБЕЛА: Вардар 61, Е.Пелистер 61, Е.Пелистер2 44, Бутел Скопје 42, Тиквеш 40, Охрид 37/ Пролет 32, Струга 19, Прилеп 18, Металург 16, Радовиќ 6, Скопје 6.

Во плеј-офот, актуелниот македонски првак ќе пренесе пет бода, Е.Пелистер 4, Е.Пелистер (2) 3, Бутел Скопје 2, Тиквеш 1 и Охрид 0.

ПретходноЗаврши голготата за нашиот репрезентативец, Ѓоко Зајков ја напушти Украина
СледноСити со триумф кај Евертон, домаќинот драстично оштетен (ВИДЕО)