Со голот на Фил Фоден и тоа длабоко во второто полувреме, тимот на Манчестер Сити успеа на потешкиот начин да дојде до победа кај Евертон попладнево од минимални 0:1.
Клучниот момент на овој меч се случи во 82. минута, кога Фоден искористи една грешка на домашната одбрана, пресече една топка и одлично се снајде во петерецот на Пикфорд.
Сепак, дамка на оваа победа за гостите, фрли несакнционираната игра со рака на еден од дефанзивците на Сити, кое го виде ама буквално целиот свет но не и судијата на овој меч Пол Тирни. Се случи тоа во последните моменти од мечот, а домаќините беа екстремно гневни на оваа нанесена направда.