Карим Бензема го спаси тимот на Реал Мадрид по којзнае кој пат во својата кариера. Го постигна победничкиот гол за „Кралевите“, во триумфот кај Рајо Ваљекано од минимални 0:1, и тоа во 83. минута.
Реал имаше неколку ситуации и пред овој гол но ете домаќинот успеаваше да одолее. Сепак, Бензема уште еднаш покажа дека е број еден напаѓачот на Мадрид, и покрај фактот што сиве овие години во клубот пристигнаа многу други имиња. Тој беше и остана голгетерот број еден на овој тим.
Мадрид стигна до 18. победа сезонава и 60. бод, додека пак Рајо за кој Столе Димитриевски остана на клупата е дванаесетти со 31. поен на контото.