Во реприза на минатонеделното дерби во завршницата на првата фаза од одбојкарското првенство кај дамите, екипата на Наковски Волеј успеа да им се рењваншира на градските ривалки Струмица победувајќи ги со 3:1 (25:16, 25:19, 19:25, 25:21) во 1. коло од Втората фаза на шампионатот.
Во уште еден извонредно интересен дуел, Наковски Волеј успеа да покаже многу подобра игра од пред седум дена и уште во воведните два сета да ги потврди својот потенцијал и атак на трите бода. Струмица имаше желба да открадне макар бод, но не успеа во четвртиот сет да се избори за тај-брејк.
Лидерот на табелата и најголем фаворит за титулата оваа сезона, скопски Работнички, немаше посебни проблеми против актуелниот шампион Јанта Волеј КВ совладувајќи го во максимални три сета.
Во разигрувањето во Плеј-Аутот, нова победа за младите „вардарки“, додека Универзитет во Тетово се намачи да го совлада Фит Фан Волеј во Скопје дури по пет одиграни сета.
ПРВА ЛИГА (Ж) – Втора фаза (ПЛЕЈ-ОФ) – 1. Коло
Работнички – Јанта Волеј КВ 3:0 (25:9, 25:23, 25:15)
Наковски В. – Струмица 3:1 (25:16, 25:19, 19:25, 25:21)
ПРВА ЛИГА (Ж) – Втора фаза (ПЛЕЈ-АУТ) – 1. Коло
Пелистер В. – Вардар 1:3 (18:25, 15:25, 25:21, 18:25)
Фит Фан Волеј – Универзитет во Тетово 2:3 (18:25, 22:25, 25:18, 25:18, 12:15)