Дали Работнички и мак – фудбалот имаат нов “дијамант“? Имено денеска големиот талент Мухамед Елмас со само 16 години и 28 денови дебитираше за тимот од Градски парк и учествуваше во победата на Работнички над Скопје со 0:1.
Елмас е близок роднина на Елиф “национале“, нашиот “Дијамант“, прв братучед, нивните татковци се браќа, а е и роднина на Муарем Муарем.
Значи “малиот“ има одлична семејна “жичка“ и предиспозиции да дојде до големите фудбалски височини каде што сега е Елиф “Дијамантот“.
Да се потсетиме дека и Елиф пред некоја година на слична возраст, како денеска Мухамед, дебитираше за Работнички.
Сепак и натаму рекордер, како најмлад играч во ПМФЛ, е Дашмир Елези кој своето деби во дресот на Шкендија во ПМФЛ го имаше со 16 години и еден ден.