Сосема заслужено, според играта и ефикасноста на овој меч, екипата на Црвена Звезда го доби попладнево вечното дерби против тимот на Партизан со конечни 2:0. На домашен терен, на „Рајко Митиќ“ стадионот пред повеќе од 40.000 гледачи и ретко виден спектакл, Црвена Звезда со головите на Охи, односно Катаи уште во првиот дел обезбеди недостижна предност за противникот која ја одржа до самиот крај.
Партизан од друга страна не успеа да одговори на притисокот и на важноста на овој меч и реално беше послабиот противник на овој меч.
Сега, Партизан кој сеуште е прв на табелата има 65. бода, само два повеќе од Црвена Звезда која ќе чека само уште еден кикс до крајот на Партизан за да го преземе првото место.
FOTO (MN Press)