Екипата на Наполи успеа да го собере целиот плен од „Олимпико“ во Рим со тоа што со 2:1 го совлада Лацио во 27.коло на Серија А.
Првиот гол за Наполи го постигна Лоренцо Инсиње и тоа откако Елмас му ја намести топката на седумнаесеттина метри од голот на противникот.
Тоа се случи во 62. минута кога Наполи притисна на половината на Лацио, украде топка, Елмас ја проследи до Инсиње кој со шут од далечина го совлада Стракоша.
Инсиње погоди и во 69. минута меѓутоа тој погодок беше поништен по реакција на ВАР поради офсајд.
Инаку македонскиот репрезентативец Елмас не беше стартер, туку влезе во 57. минута.
Во 88 минута Наполи прими гол. Тоа беше одбиена топка после слободен удар, а Педро ја „закачи“ со волеј и ја смести во голот на Наполи. Домашните уште се радуваа кога ги полеа студен туш. Фабијан Руиз погоди во 90. минута и ја донесе победата за Наполи. Aкцијата ја поведе Елмас кој додаде до Инсиње, а овој му ја намести на Руиз за шут од далечина.
Наполи е втор на табелата со 57 бода исто колку и вториот Интер, а Лацио е на шестото место со 43 бода.